Драги Кумановци буричка ја нешто по интернет, тражу нешто за овуј нашу напатену земју и што да виду па овај наша Македонија била много богата и чудна земја само што ми не смо га знајале тој е за да га дознаемо еве ви ја, неколко факти за нашу милу Македонију.
  • Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!)
  • Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“.
  • Прва зоолошка на Балканот е изградена во Скопје.
  • Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се враќал по преживеани. Тој спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.
  • Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.
  • Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, односно 850 милиони литри пиво.
Црни

Categories:

One Response so far.

  1. Анонимен says:

    Crni imalo li e nrkoj kumanovac?

Leave a Reply