Седми јануари, нулта година. Ноќ, помеѓу сабота и недела. Христос се раѓа! "Дева денес го раѓа оној што постоел отсекогаш и земјата на недостапниот пештера му принесува. Ангелите со пастирите го прославуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто заради нас се роди дете младо, превечниот Бог". Започнува нова ера. Се извршува очекувањето на праведниците. Се остварува ветувањето на старозаветните пророци: "И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди син, и ќе го наречат Емануил што значи: Господ е со нас!". |www.mpc.org.mk|

Categories:

Leave a Reply